|
Врз основа на член 84, 87 и член 90 од Законот за работни односи
на Република Македонија (Службен весник бр. 80/93, 3/94, 14/95,
53/97, 59/87, 21/98, 4/99, 102/98, 103/98, 112/98, 155/98, 25/2000,
34/2000, 3/2001) и член 54 став 1 од Општиот колективен договор
за стопанство на Република Македонија (Службен весник бр. 29/94,
45/2000) и согласно Гранковиот колективен договор, АД за телекомуникации
Македонски телекомуникации (АД Македонски телекомуникации - Скопје)
и Синдикалната организација на Македонски телекомуникации, склучуваат
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
на Акционерско Друштво за телекомуникаци
Македонски телекомуникации - Скопје
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
II. ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС
III. ПРАВА НА РАБОТНИЦИТЕ И НИВНАТА ПОЛОЖБА
IV. ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА,
ДРУГИ ПРИМАЊА И БЕНЕФИЦИИ
V. СУБВЕНЦИИ
VI. ОДНОСИ ПОМЕЃУ СИНДИКАТОТ И РАБОТОДАВЕЦОТ
VII. МАТЕРИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ
VIII. ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС
IX. ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ
X. УЧЕСТВО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО УПРАВУВАЊЕТО
XI. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ И АРБИТРАЖА
XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој Колективен договор (во натамошниот текст: Договор) се уредуваат
(доуредуваат) во согласност со Законот, Општиот и Гранков колективен
договор, правата, обврските и одговорностите на работниците од работен
однос и АД Македонски телекомуникации - Скопје (Работодавец), како
и обемот и начинот на остварување на правата и обврските и другите
одредби за прашања од интерес за работниците и Работодавецот, како
и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови.
1. Дејство на Колективниот договор
Член 2
Одредбите од овој договор се однесуваат на сите работници вработени
кај Работодавецот.
Во менаџерски (посебен) договор склучен со вработени во АД Македонски
телекомуникации - Скопје, Работодавецот може да утврди дополнителни
права, обврски и одговорности од оние утврдени во овој Договор.
Работниците од став 2 на овој член по истекот на времето за кое
е склучен или во случај на предвремено раскинување на истиот независно
од која страна, треба да бидат распоредени на работно место кое
одговара на степенот на стручната подготовка што ја поседуваат согласно
одредбите на овој Договор.
Член 3
Овој Договор се однесува за АД Македонски телекомуникации - Скопје
и сите негови организации (АД Македонски телекомуникации - Скопје
организации) формирани од АД Македонски телекомуникации - Скопје
согласно Законот за трговски друштва, каде АД Македонски телекомуникации
- Скопје е целосен или доминантен сопственик на капиталот, или поседува
дел од капиталот помалку од 51%.
Одделните специфични карактеристики на АД Македонски телекомуникации
- Скопје организациите во дефинираните рамки на овој договор на
АД Македонски телекомуникации - Скопје треба да се дефинираат со
Прилог, изготвен најдоцна за 60 дена од започнувањето на постапката.
Доколку кај некоја АД Македонски телекомуникации - Скопје организација
нема формирано синдикат, во изготвување на Прилогот учествуваат
сите вработени преку избрани претставници.
Одредбите на овој Прилог не може да бидат во спротивност со одредбите
на овој Договор.
Прилогот претставува составен дел на овој Договор.
2. Систем на односи меѓу страните што го склучуваат
Колективниот договор
Член 4
Работодавецот секоја година на крајот на јануари иницира разговори
со Синдикатот со кој го склучил Колективниот договор за усогласување
на интересите.
И двете договорни страни во колективното договарање можат да даваат
предлози за темите за кои ќе се разговара најмалку 5 (пет) дена
пред отпочнување на разговорите.
Во рамките на разговорите за усогласување на интересите се отвора
и прашањето на платите во АД Македонски телекомуникации - Скопје.
Предмет на Спогодбата по прашањето за плати на ниво на АД Македонски
телекомуникации - Скопје е:
- Критериумите во развојот на платите;
- Мерки во политиката на платите;
- Критериумот на најниска - минимална плата;
- Утврдување на вредноста на бодот;
- и други прашања во врска со платата на вработените
Во усогласувањето на интересите на ниво на АД Македонски телекомуникации
- Скопје, освен усогласувањето на платите, на дневниот ред може
да се предложат и прашања од социјален карактер, со мерки што ќе
се однесуваат за тековната година.
Во рамките на преговорите за усогласување на интересите, Работодавецот
е должен да даде писмена информација во рок од 30 дена за прашањата
покренати од Синдикатот.
II. ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС
1. Услови за засновање на работен однос
Член 5
Работен однос може да заснова секое лице кое ги исполнува општите
услови утврдени со Законот за работни односи или со друг закон и
посебните услови утврдени со закон, овој договор и општиот акт на
Работодавецот Правилник за систематизација на работни места.
Член 6
Посебните услови можат да се предвидат како услов за засновање
работен однос само ако се потребни за извршување на работите на
определено работно место.
Како посебни услови за засновање работен однос се:
- вид и степен на стручна подготовка;
- особено знаење и способност за извршување на соодветни работи;
- работно искуство;
- психофизичка способност;
- знаење на странски јазик;
- познавање на работа со компјутери.
Работните места за кои се потребни посебни услови за засновање на
работен однос ќе се дефинираат во актот на Работодавецот Правилник
за систематизација на работни места.
2. Начин на засновање на работен однос
Член 7
Работодавецот потребата од работници може да ја задоволи согласно
начините предвидени во Законот за работни односи или друг закон
и овој Договор.
Член 8
Одлука за потреба од засновање работен однос донесува Работодавецот,
органот или работник кого тој ќе го овласти.
Одлука за утврдување на потреба за засновање на работен однос ја
потпишува Главниот извршен директор на АД Македонски телекомуникации
- Скопје.
Член 9
Пред да постапи согласно член 7 на овој договор, Работодавецот
е должен потребата од работници да ја задоволи со огласување преку
институцијата "интерен оглас" (внатрешно огласување).
Начинот на спроведување на институцијата "интерен оглас"
е дефиниран во Прилог број 1 на овој Договор.
Член 10
Работниот однос се заснова со склучување договор за работа меѓу
работникот и Работодавецот.
Договорот за работа се склучува во писмена форма по конечноста
на одлуката за избор и се заверува во службата надлежна за посредување
при вработувањето.
Договорот за работа се чува во работните простории на Работодавецот.
Примерок од заверениот договор за работа Работодавецот го доставува
на работникот.
Член 11
Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи и завери
Договорот за работа.
Ако работникот неоправдано не отпочне со работа на денот определен
во Договорот за работа, се смета дека не засновал работен однос.
Член 12
Пред засновање на работниот однос Работодавецот е должен работникот
да го запознае со овој Договор со кој ќе се уредуваат непосредно
неговите права и обврски што произлегуваат од работниот однос.
3. Давање предност при вработување
Член 13
Доколку работникот во извршувањето на своите работни задачи на
работното место доживее несреќа - смрт, а бил единствен вработен
(хранител) во своето семејство, тогаш приоритет во вработувањето
во АД Македонски телекомуникации - Скопје има член на неговото потесно
семејство - брачен другар или дете.
4. Проверка на работните способности
Член 14
Проверка на работните способности за вршење на работите на работното
место, ако е тоа утврдено како услов за засновање на работен однос,
се врши пред донесување на одлука за изборот.
Проверка на работните способности согласно став 1 врши Работодавецот,
односно органот што тој го овластил.
Проверката на работните способности за вршење на работите на работното
место се спроведува по пат на:
- тестирање и разговор (интервју) за психофизичка способност;
- проверка на стручно знаење со тестирање, разговор и други
проверки на работните способности.
Проверката на работните способности се однесува и за работникот
кој согласно член 9 од овој договор се пријавил на интерен оглас.
5. Приправници
Член 15
Работодавецот може да заснова работен однос со невработено лице
како приправник на неопределено или определено време, заради стручно
оспособување за самостојно вршење на работата од својата струка.
Лицето што има статус на приправник мора да има завршено најмалку
IV степен на стручна подготовка.
Времетраењето на приправничкиот стаж на работникот изнесува:
- работниците распоредени на работни места со IV степен на стручна
подготовка - 6 месеци работен стаж;
- работници распоредени на работни места со V и VI степен на стручна
подготовка - 8 месеци работен стаж;
- работници распоредени на работни места со VII степен на стручна
подготовка - 12 месеци работен стаж.
Начинот на стручно оспособување, следење и оценување на приправникот
ќе се врши согласно Планот и програмата за стручно оспособување
на приправниците, донесен од страна на АД Македонски телекомуникации
- Скопје.
Со стапување на работа приправникот ги стекнува сите права, обврски
и одговорности кои ги имаат и другите работници во АД Македонски
телекомуникации - Скопје согласно одредбите од овој Договор.
6. Работен однос на неопределено и определено работно време
Член 16
Работен однос се заснова на време чие траење не е однапред определено
(работен однос на неопределено време).
Член 17
Работен однос може да се заснова за време чие траење е однапред
определено (работен однос на определено време), особено за:
- сезонски работи, најдолго девет месеци во текот на една календарска
година;
- зголемен обем на работа, најдолго шест месеци во текот на една
календарска година;
- замена на отсутен работник, додека трае отсуството на работникот;
- работа на определен проект, до завршување на проектот.
Во случаите од став 1 на овој член, работникот има исти права и
обврски, како и работниците кои засновале работен однос на неопределено
време.
Работникот кој засновал работен однос на определено време за вршење
на сезонски работи - став 1 алинеја 1, а кој ќе оствари повеќе од
40 часа во работната недела во периодот во кој е во работен однос,
тие часови на работа му се пресметуваат во работни денови со полно
работно време и се пресметува работен стаж.
Работниот однос на определено време се заснова на начин и според
утврдена постапка за избор на работникот на неопределено време.
7. Распоредување на работник
Член 18
Работникот работи на работно место за кое засновал работен однос.
Работникот може да биде распореден на секое работно место кое одговара
на неговиот степен на стручна подготовка во случаите и на начин
дефиниран со овој договор.
Одлука за распоредување донесува Работодавецот или работникот кого
тој ќе го овласти.
Член 19
Работникот согласно став 2 од претходниот член може да биде распореден
на друго работно место во следните случаи:
- воведување на организациони, технолошки, структурни и слични промени
во АД Македонски телекомуникации - Скопје или дел од него;
- промена на систематизацијата на работните места кај
Работодавецот;
- намалување на обемот на извршување или укинување на работното
место;
- подобра искористеност на работните способности на работникот;
- по пат на интерен оглас;
- неспособност за вршење на работите на определено работно место
и непокажување на задоволителни резултати во работењето;
- намалување на работна способност како резултат на настанување
на одреден степен на инвалидност;
- здобивање на работникот со повисок степен на стручна подготовка;
- барање на работникот;
- преквалификација или доквалификација, и
- работа на проекти.
Постапката за распоредување на работникот согласно случаите предвидени
во став 1 од овој член е дефинирана во Прилог број 2 од овој Договор.
Член 20
Работите на работното место работникот по правило ги врши во работните
простории на Работодавецот, а ако тоа го дозволува природата на
работата, може да ги врши дома.
Член 21
Работодавецот не може без согласност на работникот, спротивно на
овој Договор и Договорот за работа да го распореди од едно на друго
работно место надвор од седиштето на Работодавецот и тоа:
- жена работник за време на бременост;
- жена работник - мајка со дете до 7 годишна возраст;
- самохран родител;
- инвалид на трудот;
- родител на потешко хендикепирано дете;
- работник кој е 5 години пред пензионирање;
- нарушена здравствена состојба како резултат на тешки
и хронични заболувања, кои го спречуваат во извршување на работните
задачи.
Член 22
Работникот може привремено да биде распореден на работно место
со понизок степен на стручна подготовка во следните случаи:
- виша сила која настанала или која непосредно претстои
(земјотрес, поплава, пожар и слично);
- несреќа која настанала или која непосредно претстои;
- воена опасност, состојба на подготвеност и воена вежба;
- замена на ненадејно отсутен работник;
- привремено зголемен обем на работа;
- извршување на неодложни ремонти и други слични работи;
- извршување на работи сврзани со рок и сезонски работи кои не
трпат одложување;
- ненадејни хаварии;
- недостаток на суровини, енергија, репроматеријали, резревни
делови и слично што предизвикува застој во процесот на работата.
Распоредувањето на работникот согласно став 1 трае се додека не
се надмине состојбата предизвикана од случаите во претходниот став.
Работникот кој привремено е распореден на работно место со понизок
степен на стручна подготовка согласно став 1 од овој член, ја задржува
платата од работното место на кое бил предходно распореден.
Работодавецот или друг работник овластен од него е должен да донесе
решение за привремено распоредување согласно овој член.
По надминување на состојбата предизвикана во случаевите на привременото
распоредување согласно став 1 од овој член е должен со решение да
го врати работникот на работното место на кое претходно бил распореден.
Член 23
Работникот може да биде распореден на работно место на кое се бара
повисок степен на стручна подготовка од таа што ја поседува, но
не повеќе од еден степен, ако е дефинирано во актот на АД Македонски
телекомуникации - Скопје (Правилникот за систематизација на работни
места).
Член 24
Работникот може да се распореди на работно место надвор од местото
на седиштето на Работодавецот и тоа:
- распоредување на место на работа кое се наоѓа на оддалеченост
помала од 50 километри, и
- распоредување на место на работа кое се наоѓа на оддалеченост
поголема од 50 километри.
Услов за распоредување од став 1 алинеја 1 е да Работодавецот на
работникот кој се распоредува му обезбеди превоз до работа и од
работа, со средства на јавниот сообраќај или со средства на Работодавецот.
Услов за распоредување од став 1 алинеја 2 е да Работодавецот на
работникот кој се распоредува му обезбеди соодветно сместување и
исхрана.
Доколку Работодавецот не е во можност да му обезбеди на работникот
соодветно сместување и исхрана, тој е должен да му обезбеди превоз
до работа и од работа.
Условите за распоредување од став 3 и 4 од овој член се алтернативни,
но со приоритет како што се дадени.
Можноста за распоредување на работникот, видовите на тоа распоредување
согласно став 1 на овој член, условите кога тоа може да се примени,
мора да се предвидат и дефинираат со Договорот за работа.
III. ПРАВА НА РАБОТНИЦИТЕ И НИВНАТА ПОЛОЖБА
1. Работно време
Член 25
Работното време е 8 часа дневно.
Одлука за распоред на работното време (почетокот и крајот) донесува
Главниот извршен директор по претходно добиено мислење од Синдикатот
на АД Македонски телекомуникации - Скопје.
Работното време во работната недела изнесува 40 часа (полно работно
време).
Работодавецот може да воведе работно време пократко од 40 часа
кога работата е организирана во смени, но не пократко од 32 часа
за работниците кои работат во смени.
Правата на работниците кои работат на работно место согласно став
3 на овој член се изедначуваат со правата на работниците кои работат
40 часа во работната недела.
Член 26
По исклучок, работното време на работникот може да трае и подолго
од 40 часа во работната недела, но не подолго од 10 часа неделно
во случаите утврдени со закон.
Работното време од став 1 може да трае онолку време колку што
е неопходно потребно да се отстранат опасностите, односно спречат
штетните последици.
Одлука за работното време од став 1 донесува Главниот извршен
директор или работник кого тој ќе овласти.
Член 27
Работата подолга од полното работно време согласно член 26 од овој
договор преставува прекувремена работа.
Работникот за прекувремената работа не може да биде ангажиран повеќе
од 40 часа во текот на месецот.
Писмена наредба за прекувремена работа на работникот треба да му
се достави до завршувањето на работното време најдоцна еден ден
пред прекувремената работа.
Во вонредни случаи прекувремената работа може да се нареди усно,
телефонски, или со телеграма. Усната наредба за прекувремената наредба
треба во рок од 24 часа писмено да се потврди од страна на Работодавецот
или лице овластено од него.
Член 28
Работното време може да биде и пократко од полното работно време
и тоа:
- за извршување на секојдневни работи од помал обем; или
- за работа кога потребата или природата на работата тоа го бара.
Работникот кој засновал работен однос согласно став 1 од овој
член има права и обврски од работен однос кои ги остварува во обем
зависно од должината на работата и резултатите од трудот дефинирани
во договорот за работа.
Член 29
Работните места кои имаат работно време меѓу 22 часот и 6 часот
наредниот ден се смета како ноќна работа.
Работното време ноќе претставува посебен услов за работа при дефинирање
на правата на работникот.
Член 30
Одлука за прераспределба на работното време донесува Главниот извршен
директор ако тоа го бара природата на дејноста, односно на работите
и задачите, организацијата на работата, подоброто користење на трудот,
порационалното користење на работното време и извршувањето на определени
работи и задачи во утврдените рокови.
Член 31
Распоредот на работното време во рамките на вкупното годишно работно
време се утврдува со Одлука на Главниот извршен директор, односно
од него овластен работник.
Одлуката се донесува во следните случаи:
- државни и верски празници;
- елементарни непогоди;
- воена состојба;
- виша сила, и
- други случаи.
2. Одмори и отсуства
Член 32
Работникот има право на одмор во текот на дневната работа - дневен
одмор - во траење од 30 минути.
Времето за одмор од став 1 на овој член се засметува во работното
време.
Одморот од став 1 на овој член не може да се утврдува на почетокот
и крајот на работното време.
Одморот во текот на работата се организира на начин на кој се
обезбедува работа да не се прекинува ако:
- природата на работа не дозволува прекинување на работата, или
- работа со странки.
Одлука за утврдување на почетокот и крајот на дневен одмор донесува
Главниот извршен директор или од него овластен работник.
Член 33
Работникот има право на одмор помеѓу два последователни работни
дена во траење од најмалку 12 часа непрекинато.
Член 34
Работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24
часа непрекинато, а ако е неопходно да работи на денот на својот
неделен одмор, мора да му се обезбеди таков одмор, во текот на наредната
работна недела.
Член 35
Работникот има право на годишен одмор во текот на една календарска
година во траење од најмалку 18, а најмногу 26 работни дена.
Ако во календарската година во која засновал работен однос работникот
нема една година работа, има право на годишен одмор во траење од
по два работни дена за секој месец поминат на работа, но не повеќе
од 18 работни дена.
Член 36
Должината на годишниот одмор ја дефинира Главниот извршен директор
со решение врз основа на следните критериуми:
а) должина на работното искуство;
б) степен на сложеност на работата на работното место;
в) условите на работа
г) здравствената состојба на работникот, и
д) самохран родител.
а) по основ на должина на работно искуство:
- од 2 до 5 години 1 ден
- од 5 до 10 години 2 дена
- од 10 до 15 години 3 дена
- од 15 до 20 години 4 дена
- од 20 до 25 години 5 дена
- над 25 години 6 дена
б) по основ на степен на сложеност на работата
на работното место
- од I до III степен на сложеност 1 ден
- од IV до V степен на сложеност 2 дена
в) по основ на услови за работа:
- за работа во смени 1 ден
- за ноќна работа 2 дена
- за работа во простории каде што има бучава,
јонизирачки зрачења и физичка работа 2 дена
г) по основ на здравствена состојба на работникот:
- тешки и хронични заболувања докажани
со уверение од лекар специјалист 1 ден
- на инвалид на труд 2 дена
д) по основ на самохран родител:
- со едно дете 1 ден
- со две и повеќе деца 2 дена
Член 37
Годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската
година.
Годишниот одмор може да се користи и во два дела и тоа:
- првиот дел во траење од најмалку 12 работни дена непрекинато
во текот на календарската година;
- вториот дел во непрекинато траење до 30 јуни наредната година.
Годишниот одмор, односно првиот дел од годишниот одмор кој е прекинат
или не е користен поради болест или породилно отсуство во календарската
година, работникот има право да го користи до 30 јуни наредната
година, под услов да работел најмалку 6 месеци во годината која
и претходи на годината кога се вратил на работа.
Член 38
Распоредот на користењето на годишниот одмор го утврдува Главниот
извршен директор или од него овластен работник, согласно одредбите
од овој Договор.
Работникот мора најмалку 30 дена пред користењето на годишниот
одмор да биде известен со решение донесено од Главниот извршен директор
или од него овластен работник за распоредот и траењето на годишниот
одмор согласно одредбите од овој Договор.
Еден ден од годишниот одмор работникот има право да го користи
по желба, со обврска за тоа да го извести Главниот извршен директор
или непосредно одговорниот, во рокот определен со овој Договор.
При одредување на траењето на годишниот одмор, саботите се сметаат
како неработни денови.
Член 39
Работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен
и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати.
Член 40
Одобреното боледување во текот на користењето на годишниот одмор
не се пресметува во годишен одмор.
За користењето на боледувањето работникот е должен во рок од 24
часа да го извести непосредно одговорниот.
Член 41
Работникот има право на отсуство од работа со надомест на плата
и други права од работен однос до 7 работни дена во текот на годината
во следните случаи:
- за склучување брак.....................................................................
3
- за склучување брак на дете........................................................
3
- за раѓање или посвојување дете...............................................
2
- за смрт на сопружник или дете................................................
5
- за смрт на родител, брат, сестра..............................................
3
- за смрт на родител на сопружник............................................
2
- за смрт на дедо или баба...........................................................
1
- за полагање на стручен или друг испит за потребите
на Работодавецот........................................................................
5
- за селидба на семејство од едно во друго место на
живеење........................................................................................
3
- за селидба на семејство во исто место на живеење.............
2
- за елементарни непогоди...........................................................
3
За отсуство од работа од став 1 од овој член се води евиденција.
Ако работникот е упатен на стручно оспособување и усовршување,
од страна на Работодавецот, отсуството од став 1 на овој член може
да изнесува и повеќе од седум работни дена.
Член 42
Добороволен крводарител има право на два последователни слободни
дена за секое давање крв. Слободните денови се сметаат како да е
на работа.
Правото од став 1 на овој член работникот го остварува со приложување
на потврда издадена од здравствена установа (Завод за трансфузиологија),
каде работникот дарувал крв.
Член 43
Работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата најдолго
три месеци во текот на календарската година во следните случаи:
- неодложни лични работи;
- нега на член на семејство;
- за изградба или поправка на куќа, односно стан;
- за лекување на своја сметка;
- за учество на културни и спортски приредби;
- за учество на конгреси, конференции и слично.
Работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата и
подолго од три месеци во случаите и под условите утврдени во Законот
за работни односи.
Одлука за отсуство на работникот од став 1 на овој член донесува
работодавецот или работник кого тој ќе го овласти, согласно со потребите
на процесот на работата.
За време на неплатеното отсуство на работникот му мируваат правата
и обврските од работен однос.
3. Заштита на работниците при работа
Член 44
Работникот остварува заштита при работа во согласност со пропишаните
мерки и нормативи за заштита при работа во согласност со закон и
овој Договор.
Работодавецот е должен да ги обезбеди потребните услови за заштита
при работа во согласност со Закон и овој Договор.
Потребните услови за заштита при работа од став 2 на овој член
се уредуваат со Правилникот за заштита при работа, кој е составен
дел на овој Договор.
Член 45
Работникот е должен да се придржува кон пропишаните мерки за заштита
при работа и работите на работното место да ги врши со потребно
внимание заради обезбедување на својот живот и здравје, како и животот
и здравјето на другите работници.
Член 46
Синдикатот поднесува писмено барање до Работодавецот со цел за
превземање на потребни мерки и средства за заштита на работниците
при работа.
Доколку Работодавецот не постапи согласно барањето, Синдикатот
покренува постапка пред надлежните органи.
Член 47
За доследна примена на прописите од областа на заштитата при работа
како и правилната реализација на пропишаните мерки и нормативи,
се избира преставник на работниците за заштита при работа согласно
Законот за заштита при работа и овој Договор.
Член 48
Претставникот на работниците за заштита при работа добива посебна
обука од областа на зашита при работа преку учество на курсеви,
семинари, советувања и користење на стручна литература.
Член 49
Претставникот на работниците за заштита при работа ја ужива посебната
заштита од работен однос како што има и преставникот на Синдикатот
согласно Законот и овој Договор.
Член 50
Работодавецот е должен на преставникот на работниците за заштита
при работа да му овозможи непречено вршење на неговата функција.
Член 51
Преставникот на работниците за заштита при работа кој несовесно
ја извршува доверената функција може да биде предвремено разрешен
.
Член 52
Начинот на избор, делокругот на работа, правата и одговорностите
на претставникот на работниците за заштита при работа во вршењето
на оваа функција ќе бидат дефинирани во Прилог број 3 кој е составен
дел на овој Договор.
Член 53
Надлежностите на Синдикатот во АД Македонски телекомуникации -
Скопје при спроведувањето и обезбедувањето на заштита при работа
се:
1. да учестува во планирање, уредување и унапредување на заштитата
при работа;
2. да дава предлози и мислења при воведување на нова технологија
во работниот процес;
3. да дава мислење во врска со условите за работа и примената на
пропишаните мерки и нормативи за заштита при работа;
4. да биде редовно информиран за состојбата во врска со примената
на мерките и остварувањето на правата на работниците во областа
на заштита при работа;
5. да соработува со преставникот на работниците за заштита при работа
во остварувањето на правата на работниците во областа на заштитата
при работа, и
6. други права согласно Законот и овој Договор.
Член 54
Работодавецот е должен да ги осигура работниците во АД Македонски
телекомуникации - Скопје за случај на траен инвалидитет или смрт
како последица од повреда при работа.
Осигурувањето го плаќа АД Македонски телекомуникации - Скопје.
Висината на осигурувањето од став 1 на овој член ја дефинира Работодавецот
по претходно мислење од Синдикатот.
4. Посебна заштита на жената, младината и инвалидните работници
Член 55
Жената работничка посебната заштита од работен однос ја остварува
согласно одредбите од Законот за работни односи или со друг закон.
Член 56
Работник помлад од 18 години и работничка не може да работи на
работно место на кое претежно се вршат тешки физички работи, работи
под земја или под вода, ниту на други работи кои би можеле штетно
и со зголемен ризик да влијаат на здравјето и животот.
Работи кои се тешки, физички или кои се вршат под отежнати услови
и штетно влијаат за здравјето и животот на работникот од став 1
на овој член се:
- работа на одредени висини со разреден воздух;
- работа на терен под отежнати временски и географски услови.
Член 57
На работник помлад од 18 години му се обезбедува годишен одмор
според основите и мерилата со кои се утврдува должината на годишниот
одмор на другите работници зголемен за седум (7) работни дена.
На работникот помлад од 18 години не може да му се определи да
работи подолго од полното работно време.
На работникот од став 1 на овој член може да му се утврди работно
време пократко од полното работно време на работни места дефинирани
во актот на Работодавецот (Правилник за систематизација на работни
места).
Инвалид на трудот има право на скратено работно време, распоредување
односно вработување на друга соодветна работа, преквалификација
или доквалификација, како и право на соодветен паричен надоместок
во врска со користење на тие права, во согласност со прописите за
пензиско и инвалидско осигурување.
Работникот со изменета работна способност и работник кој работи
на работи на кои постои опасност од настанување на инвалидност има
право на распоредување на соодветно работно место.
Работодавецот е должен работникот од став 1 на овој член да го
распореди на соодветно работно место во рок од 15 дена по конечноста
на решението.
5. Стручно оспособување и образование на работниците
Член 58
Работникот има право на стручно оспособување и образование во зависност
од работниот процес и развојот на АД Македонски телекомуникации
- Скопје.
Работникот е должен стручно да се оспособува и образува доколку
работодавецот го упати на стручно оспособување и образование.
Работодавецот е должен да создаде материјални, организациони и
други услови за стручно оспособување и образование на работниците.
Член 59
Доколку стручното оспособување и образование е организирано за
време на работното време, времето поминато за тоа се смета за редовно
работно време, така што работникот има исти права како да бил на
работа.
Стручното оспособување и образование може да се организира и тоа:
- во местото на живеење на работникот;
- вон местото на живеење на работникот, но во РМ, и
- во странство.
Стручното оспособување и образование на работниците се обавува во
согласност со Планот и Програмата за стручно оспособување и образование
на работниците, а во согласност со потребите на процесот на работа
во АД Македонски телекомуникации - Скопје.
Правата и обврските на Работодавецот и работникот кој се упатува
на стручно оспособување и образование се дефинираат со меѓусебен
договор, согласно одредбите од овој Договор и Правилникот за стручно
оспособување на АД Македонски телекомуникации - Скопје.
Член 60
Работникот кој бил на стручно оспособување и образование треба
да биде распореден на работно место за кое бил стручно оспособен
и образован.
Работодавецот не може да распореди друг работник во организационен
дел или на работно место доколку има работник кој бил пратен на
стручно оспособување и образование за извршување на работни задачи
за тоа работно место.
6. Право на информирање на работниците
Член 61
Работодавецот има обврска да обезбедува редовно и навремено информирање
на Синдикатот и работниците за:
- годишни и повеќегодишни планови за развој;
- организациони промени;
- значајни деловни и развојни планови што влијаат на економската
и социјалната положба на работниците;
- планирање на работната сила;
- Програма за стручно оспособување и образование на работниците;
- Нацрт, предлог актите и одлуките со кои се уредуваат прашања од
дејноста на работа на АД Македонски телекомуникации - Скопје, а
кои ќе предизвикаат одредени промени на правата и обврските на рботниците
утврдени во овој Договор.
Информирањето се врши преку интерното гласило на АД Македонски
телекомуникации - Скопје, писмено до Синдикатот или усно за одредени
работи, со истакнување на огласна табла.
7. Право на штрајк
Член 62
Заради остварување на своите економски и социјални права од работен
однос работниците имаат право на штрајк во согласност со Законот.
Штрајкот е организиран прекин на работа на работниците.
Правото на штрајк кај Работодавецот се остварува под услови утврдени
со Законот, Правила за штрајк и овој Договор, под услов ако оправданите
барања на работниците не се решат со други средства и методи и тоа:
- Преговори со раководните органи;
- Посредување за остварување на барањата и
- Колективно договарање.
Работниците слободно одлучуваат за своето учество во штрајкот.
Штрајкот во АД Македонски телекомуникации - Скопје го организира
и води Синдикатот.
Работодавецот е должен да пропише минимум работи кои мора да се
извршуваат за време на штрајкот заради обезбедување на виталните
функции на процесот на работа и сигурноста на луѓето и имотот.
Правилата и начинот на остварување на правото на штрајк се дефинирани
во Прилог број 4, како составен дел на овој договор.
Член 63
Организаторите на штрајкот, односно учесниците во штрајкот уживат
заштита утврдена со законот и овој договор и не може да бидат земени
на одговорност поради организирање и учество во штрајк, доколку
истиот е организиран согласно член 62 од овој Договор.
Член 64
Штрајкот во АД Македонски телекомуникации - Скопје може да биде
организиран на ниво на организациони делови или на ниво на АД Македонски
телекомуникации - Скопје (генерален штрајк).
IV. ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА,
ДРУГИ ПРИМАЊА И БЕНЕФИЦИИ
А. Плата
Член 65
Работникот има право на плата.
Платата на работникот му се обезбедува од средствата на Работодавецот
сразмерно на извршена работа, како и на придонесот на работникот
во создавањето на добивката.
Член 66
Платата на работникот кај Работодавецот за работа со полно работно
време не може да биде пониска од најниската плата по степени на
сложеност утврдена со овој Договор.
Член 67
Платата се пресметува и исплатува најмалку еднаш месечно.
Платата на работникот за тековниот месец се исплатува во паричен
износ.
Придонесите и даноците на платата на работникот ги плаќа Работодавецот
со исплата на платата.
Член 68
Најниската плата за најнизок степен на сложеност претставува платата
со најнизок број на бодови и изнесува 2000 бода.
а) Основна плата
Член 69
Најниската плата за одделни степени на сложеност преставува основна
плата.
Основната плата за секое работно место се пресметува со множење
на бројот на бодовите за тоа работно место со вредноста на бодот.
Вредноста на бодот ја утврдува Главниот извршен директор, а на
денот на потпишувањето вредноста на бодот изнесува _______ денари.
Член 70
Работните места систематизирани кај Работодавецот се класифицираат
во групи на сложеност со подгрупи, вреднувани со бодови.
Вреднувањето на работните места се утврдува врз основа на:
- стручна подготовка и класификација;
- сложеност на работата;
- одговорност;
- организирање и раководење со работа, и
- услови за работа.
Работните места според сложеноста се класифицираат во пет групи
и истите се дефинирани во Прилог број 5.
Табеларниот преглед за бројот на бодовите по работни места е составен
дел на овој Договор.
Кога работникот е распореден на работно место за кое се бара повисок
степен на стручна подготовка од онаа која работникот ја поседува,
основната плата му се намалува и тоа:
- за групи на сложеност од I - III од 5%;
- за групи на сложеност од IV - V од 10%.
b) Додатоци на плата
Член 71
Работникот има право од 0,5% додаток на основната плата на име
минат труд за секоја година работен стаж, но не повеќе од 20%.
в) Променлив дел на плата
Член 72
Работникот има право и на променлив дел на плата.
Висината на средствата за променливиот дел на плата ја утврдува
Главниот извршен директор, секој месец во маса до 20% од масата
на средствата за плата.
Член 73
Главниот извршен директор, со решение, 75% од масата утврдена со
претходниот член ја распоредува сразмерно на висината на масата
на основната плата на вработените зголемена со износот за работен
стаж.
Член 74
Распределбата на делот од средствата (25%) од масата на средствата
одредени за променливиот дел на платата ја врши Главниот извршен
директор по организациони единици, групи или поединци кога смета
дека на тој начин треба посебно да се наградат тие работници за
нивниот придонес во работењето.
Член 75
Секоја идна промена на распределбата на сретсвата за променливиот
дел на плата утврдена во член 73 и 74 од овој Договор ќе се дефинира
во Правилник (Упатство) за критериуми и начин на распределба донесен
од страна на работодавецот по претходно мислење од Синдикатот и
истиот е составен дел на овој Договор.
Член 76
Променливиот дел од плата по истиот критериум се исплаќа и на работници
приправници.
Член 77
Работникот кој со спогодба времено е распореден кај друг Работодавец
на работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка,
не може да добие пониска плата од платата што ја имал пред распоредувањето.
Член 78
Работникот со намалена работна способност (инвалид на трудот) која
настанала кај Работодавецот, а кој е распореден на друго работно
место по тој основ, не може да добие пониска плата од платата што
ја имал пред распоредувањето.
Член 79
Работникот со намалена работна способност предизвикана од старост
и истоштеност, а кој е 5 години пред одење во пензија и е распореден
на помалку вреднувано работно место, добива плата во висина на платата
од претходното работно место валоризирана со тековниот пораст на
платите кај Работодавецот.
Член 80
Платата на работникот може да биде предмет на судско извршување
согласно Законот.
Б. Надоместоци на плата
Член 81
Вредноста на работниот час во основната плата на работникот се
зголемува за:
- работа подолга од полно работно време 35%
- работа ноќе (помеѓу 22,00 и 6,00 часот
наредниот ден) 35%
- работа во празник утврден со Законот
за празници 50%
- работа во три смени - турнус
(во три смени по два дена во континуитет) 5%
Работникот има право на зголемување на плата по основ на работа
подолга од полно работно време, но не повеќе од 40 часа во текот
на месецот.
Зголемувањето на платата по основите дефинирани во став 1 на овој
член, меѓусебно не се исклучуваат, освен за недела и празник.
Член 82
На работникот му припаѓаат надоместоци на плата и тоа:
1. Отсуство од работа по член 41 од овој Договор;
2. Годишен одмор;
3. Празници утврдени со закон или друг пропис;
4. Отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство;
5. Нега на дете;
6. Стручно оспособување и преквалификација односно доквалификација
согласно со потребата на Работодавецот;
7. Воена вежба;
8. Учество во обука за одбрана и заштита;
9. Јавување на покани на органи и институции до кои е дојдено без
вина на работникот;
10. Учество на работно-производни натпревари, изложби на иновации
и други видови на творештво;
11. Извршување на функциите на Синдикатот и други синдикални активности;
12. Отсуство за барање на ново вработување во текот на отказниот
рок.
За случаите во точките 10 и 11 потребно е известување со образложение
до Главниот извршен директор или од него овластено лице.
Надоместокот на плата на работникот во случаите утврдени со закон
и овој договор, а доколку се исплатуваат од средствата на Работодавецот,
се утврдува во висина на платата на работникот.
Надоместокот на плата од став 1, точка 6 од овој член се валоризира
со просечниот пораст на платите кај Работодавецот.
Член 83
За време на привремена неспособност за работа (боледување):
- до 7 дена работникот има право на надоместок на плата
во висина од 70%,
- до 15 дена почнувајќи од првиот ден на боледувањето 80%, и
- до 60 дена за сите денови - 90% од основната платата на работникот.
За професионални заболувања и повреди на работа и за други случаи
утврдени со закон, надоместокот се утврдува во висина од 100% од
основната плата на работникот.
Член 84
За време на притвор работникот има право на надомест на плата во
висина од една третина од основната плата што ја остварил во последниот
месец, а ако издржува семејство во висина од една пловина.
Ако работникот се ослободи од обвинение или обвинението биде одбиено,
работникот има право на разлика до износот на платата што би го
остварил ако работел. Надоместот на платата го исплатува органот
што го наредил притворот.
Член 85
Работникот за време на привремено одалечување од АД Македонски
телекомуникации - Скопје (суспензија) има право на надомест во висина
од една половина, од основната плата, а ако издржува семејство во
висина од две третини од основната плата.
Ако работникот биде ослободен од одговорност има право на разлика
во износот на платата што би ја остварил кога би работел.
Член 86
Работникот при вршењето на замена на отсутен работник прима плата
на работното место на кое врши замена доколку тоа за него е поповолно,
се додека трае замената.
Член 87
Кога поради виша сила работникот е распореден на друго работно
место кое е помалку вреднувано од работното место кое што работникот
го врши ја задржува платата од неговото работно место.
Член 88
Висината на надоместокот на основната плата во случај на принуден
одмор се утврдува во висина од 80% од основната плата на работникот.
Работодавецот е должен за платата утврдена во став 1 на овој член
да ги плати придонесите и даноците утврдени со Закон.
За време на привремен принуден одмор работникот нема право на регрес
за годишен одмор, регрес за исхрана и трошоци за превоз.
Член 89
Работникот има право на надоместок на плата за време на прекин
на работа без негова вина кој изнесува до 8 часа во висина од 100%
од платата, од еден ден до 30 дена - 80%, а над 30 дена - 70% од
платата на работното место.
Надоместокот се исплатува ако не е можно да се надомести изгубеното
полно работно време.
За време на прекин на работа до кој дошло без вина на работникот,
работникот нема право на регрес за исхрана и трошоци за превоз.
Член 90
За време на приправничкиот стаж на работникот му припаѓа надомест
од 80% од најниската плата предвидена за работно место за кое се
оспособува.
Приправникот има право на додаток на плата за услови на работа
потешка од нормалната за работно место за кое се оспособува како
и право на други надоместоци предвидени со овој договор под услови
и случај како и за другите работници.
Член 91
За време на штрајк работникот ги остварува своите права од работен
однос согласно Законот, Општиот колективен договор за стопанство
и Гранковиот колективен договор.
За време на штрајк работникот нема право на надомест за исхрана
и трошоци за превоз.
В. Други примања
Член 92
Работникот има право на други примања во висина утврдена со овој
договор.
Основицата за пресметување на другите примања на работниците претставува
просечната месечна плата во Републиката исплатена во претходните
три месеци.
Висината на одделните примања се утврдува во процент од основицата
и тоа:
· 25% за регрес за исхрана, доколку исхраната не е организирана;
· 100% регрес за годишен одмор;
· 8% за дневници за службени патувања во земјата, а за странство
во висина што е пропишана со уредба за работниците во органите на
управата.
· 70% за одвоен живот од семејството;
· трикратен износ од основицата при заминување во пензија;
· 15% месечно, за трошоци за превоз во локалниот јавен сообраќај
до и од работа над 2 км само во случај кога нема организирано превоз
од страна на Работодавецот;
· 30% од цената на литар гориво по поминат километар со патен налог
за надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил;
· во случај на селидба за службени потреби во висина на трошоците
за селење;
· по 70% за Божиќ и Нова Година согласно финансиските резултати;
· јубилејни награди и тоа:
- 100% за 15 години работа во АД Македонски телекомуникации - Скопје;
- 150% за 30 години работа во АД Македонски телекомуникации - Скопје,
и
· по други основи утврдени меѓу работодавецот и синдикатот.
Член 93
Дневницата се пресметува од часот на тргнувањето на работникот
на службеното патување до часот на враќањето со превозното средство.
Цела дневница припаѓа за секои 24 часа поминати на службен пат
како и за остатокот на време подолго од 12 часа. По исклучок, цела
дневница припаѓа и за службено патување над 6 часа, доколку истото
е целосно остварено во ноќно патување.
За службено патување кое трае над 12 часа, а помалку од 24 часа,
припаѓа 70% од дневницата.
Половина дневница припаѓа за службено патување во траење од 8 до
12 часа.
Бројот на дневници кога работникот секојдневно се враќа дома се
утврдува со собирање на вкупните часови и делење со 24, при што
се земаат предвид само патувањата што траеле подолго од 8 часа.
Член 94
Паушална дневница за службен пат изнесува 70% од целата дневница.
Во саатите за пресметка на паушалните дневници влегуваат сите патувања
по налог над 50 км. Работните места за кои се прима паушална дневница
ги одредува Органот на управување.
Член 95
Работниците, кои за извршување на работите користат мопеди, се
обврзуваат самостојно да ги одржуваат до 3, односно 5 години од
денот на давање на користење, во зависност од конфигурацијата на
теренот и обемот на работата, за што ќе одлучи директорот на Организационата
единица.
Трошоците за горивото и регистрација до истекот на рокот од 3,
односно 5 години паѓаат на товар на Организационите единици.
По истекот на рокот од 3, односно 5 години, мопедот останува во
сопственост на работникот. Овој однос се дефинира во посебна одлука
и договор.
Член 96
Работникот има право на надомест на трошоци за користење на превозно
средство такси доколку користењето е неопходно за извршување на
неговите работни задачи.
Користењето на надоместот од претходниот став се врши со посебен
налог на непосредниот одговорен работник.
Член 97
Службеното патување се врши само по претходно издаден патен налог
потпишан од непосредниот одговорен работник или директор. Во патниот
налог посебно треба да има податок за релацијата, времето за кое
патувањето треба да се изврши, начинот на превоз и начинот на покривање
на трошоците.
По завршеното службено патување работникот е должен во рок од 3
дена да поднесе сметка за патните трошоци. Кон сметката се приложува
налогот за службено патување, карти за превозното средство што е
користено, сметка за ноќевање и сметка за други трошоци што ги направил
работникот во вршењето на работата на службеното патување.
Член 98
Трошоците за ноќевање се признаваат во полн износ според приложената
сметка за хотел согласно процедурата утврдена од страна на органот
на АД Македонски телекомуникации - Скопје или од него овластено
лице.
Во местата каде што АД Македонски телекомуникации - Скопје има
сопствени одморалишта, се признаваат само сметките од одморалиштето,
освен во месеците јули и август, кога може да се користат и други
објекти.
Член 99
Висината на дневницата како и другите трошоци на работникот за
службено патување во странство се дефинираат врз основа на одредбите
од Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство
што на органите на државната управа им се признаваат во тековни
трошоци и Решението за највисоките износи на дневници за службени
патувања и селидби во странство што на органите на управата им се
признаваат во тековни трошоци.
Член 100
На работникот му припаѓа надомест на работа на терен (теренски
додаток) ако работата трае над три дена во едно место кое е оддалечено
повеќе од 35 км од местото на живеење односно местото на неговото
постојано вработување и се извршува најмалку со два работника.
Дневниот износ на теренскиот додаток се утврдува во зависност од
условите на престој на работниците на терен (сместување и исхрана)
и изнесува 45% од дневницата за службено патување во земјата.
Теренскиот додаток се намалува за 10% ако е организирана исхрана.
Теренскиот додаток се зголемува и тоа:
· 25% ако се работи на тешко пристапни и слабо населени места;
· 10% за првите 15 дена ако не е организирано бесплатно сместување
и организирана исхрана.
Член 101
На работниците кои работат на активни радио-релејни станици со
обезбедено сместување и услови за самоспремање на храна, ќе им се
исплатува теренски додаток во висина од 45% од дневницата.
Член 102
Дневниците за службени патувања, регресот за исхрана, и теренскиот
додаток меѓусебно се исклучуваат.
Примањата за одвоен живот и теренски додаток меѓусебно се исклучуваат.
Г. Бенефиции
Член 103
Работодавецот на работниците на кои работниот однос ќе им престане
со писмена Спогодба, може да им додели еднократна финансиска бенефиција
утврдена во Спогодбата.
Бенефицијата утврдена со Спогодбата се исплатува со Одлука на Главниот
извршен директор.
V. СУБВЕНЦИИ
Член 104
Работодавецот на работниците им обезбедува социјални субвенции,
и тоа:
- преку обезбедување работна и службена облека;
- преку обезбедување одмор со повластица на Работодавецот;
- преку доделување средства за станбени потреби;
- преку материјална и финансиска помош;
- преку субвенции при користење на телефонски сообраќај, и
- спорт и рекреација.
1. Работна и службена облека
Член 105
Работниците во оние дејности каде работата предизвикува валкање
или искористување на облеката во поголема мера од денот на стапувањето
на работа треба да добијат работна или службена облека по соодветна
мерка и квалитет.
Службена облека како еден вид од работната облека - е одело што
го презентира изгледот на Работодавецот и служи за специјални цели.
Оние работници кои во текот на работата се во директна врска со
корисниците, деловните партнери, односно чие репрезентативно појавување
за АД Македонски телекомуникации - Скопје, од аспект на работодавецот
пожелно е од денот на стапување на работа да добијат службена облека
по соодветна мерка и квалитет.
Работникот кој има право на доделување на работна или службена
облека и веќе се обезбеди со неа, должен е на своето работно место
да се појавува во чиста, одржана работна или службена облека, пропишана
за него.
Ова право и обврска на работникот го сочинуваат содржинскиот елемент
на Договорот за работа, неговото кршење се квалификува како кршење
на обврската што произлегува од работниот однос и повлекува дисциплинска
одговорност.
Правилата што се однесуваат на правото на доделување на работна
-службена облека, носење и чување се содржани во Правилник за работна
и службена облека, донесен од Органот на управување на АД Македонски
телекомуникации - Скопје.
2. Одмор со повластици од Работодавецот
Член 106
Работодавецот на своите работници им обезбедува одмор со повластица.
Правото на повластен одмор можат да го користат:
- работници;
- членови на нивните семејства (брачен другар и деца);
- дедо - баба со внуците - децата на работникот;
- пензионирани работници на АД Македонски телекомуникации - Скопје
- самостојно или со своите внуци.
Работодавецот повластениот одмор го обезбедува во одморалишта во
сопственост на АД Македонски телекомуникации - Скопје, или во закупени
објекти за одмор во земјата или во странство.
Деталните услови за одмор, висината на платениот надомест и распоредот
на упатување и користење се дефинирани во Правилникот за одмор,
донесен со одлука на Работодавецот, по претходно мислење на Синдикатот.
Правилникот за одмор од став 4 на овој член го изготвува Комисија,
и истиот е составен дел на овој Договор.
Правилникот за одмор еднаш годишно се усогласува доколку има потреба
од двете страни.
3. Материјална и финансиска помош
Член 107
Работодавецот им доделува материјална и финансиска помош на работниците
кои имаат потреба од неа.
Условите и критериумите за доделување на материјална и финансиска
помош се дефинирани во Правилник за доделување на материјална и
финансиска помош, донесен со одлука на Работодавецот по претходно
мислење на Синдикатот.
Правилникот за материјална и финансиска помош од став 2 на овој
член го изготвува Комисија, и истиот е составен дел на овој договор.
4. Доделување средства за станбени потреби
Член 108
Работодавецот, со заедничка одлука со Синдикатот ги помага своите
работници во купување, изградба и санација на куќа или стан, со
доделување средства за станбени потреби, односно кредити на работниците
во АД Македонски телекомуникации - Скопје.
Условите за давање помош за станбени потреби предвидени во став
1 од овој член се содржат во Правилникот за доделување на средства
за станбени потреби - кредит на АД Македонски телекомуникации -
Скопје.
Правилникот за доделување на средства за станбени потреби - кредит
од став 2 од овој член го изготвува Комисија, и истиот е составен
дел на овој Договор.
5. Субвенции при користење на телефонски сообраќај
Член 109
1. Бенефиција при заснивање на претплатнички однос:
a) Заснивање на претплатнички однос во јавна комутациона телефонска
мрежа - PSTN.
Работникот при заснивање на претплатнички однос во јавна комутациона
телефонска мрежа - PSTN, користи бенефиција од износот пресметан
како збир на договор за претплатнички однос, приклучна такса и дополнителни
инсталациски трошоци.
Бенефицијата се однесува само на еден телефонски приклучок.
б) Заснивање на претплатнички однос во интегрирана дигитална мрежа
- ISDN.
Работникот при заснивње на претплатнички однос во интегрирана дигитална
мрежа - ISDN, користи бенефиција од износот пресметан како збир
од договорот за претплатнички однос, приклучна такса за основен
пристап и дополнителни инсталациски трошоци.
Бенефицијата се однесува само на еден телефонски ISDN приклучок.
2. 2. Бенефиции на претплата и промет
а) Бенефиции на претплата
Бенефицијата на претплата на работникот му припаѓа исклучиво само
на еден телефонски приклучок и тоа:
-претплата во јавната комутациона телефонска мрежа - PSTN
-за претплата во интегрирана дигитална мрежа - ISDN.
б) Бенефиции на промет
- Бенефиција на промет на работникот му припаѓа исклучиво само за
еден телефонски приклучок.
3. Бенефиции на претплата по основ на дополнителни услуги
Бенефиции на претплата за дополнителни услуги на работникот му
припаѓаат исклучиво само за еден телефонски приклучок и тоа:
- за повик на чекање (call waiting)
- за конференциска врска
- за презентација на повикувачки број (DTMF)
- за испис за реализирани повикувања
Висината на бенефициите утврдени во овој член се дефинирани со
Прилог број 5, кој е составен дел на овој договор.
6. Спорт и рекреација
Член 110
Работодавецот на своите работници им обезбедува услови за спорт
и рекреација.
Начинот на обезбедување на условите од став 1 на овој член се дефинирани
во Прилог број 6 кој е составен дел на овој договор.
VI. ОДНОСИ ПОМЕЃУ СИНДИКАТОТ И РАБОТОДАВЕЦОТ
1. Услови за работа на Синдикатот
Член 111
Работодавецот е должен да создаде услови за активности на синдикатот
во врска со заштитата на правата на работниците од работен однос,
утврдени со закон и овој договор.
Активноста на синдикатот во согласност со став 1 од овој член,
неможе да се спречи со акт на работодавецот.
Член 112
На барање на синдикатот работодавецот му доставува податоци и информации
за оние прашања што имаат најнепосредно влијание на материјалната
и социјалната положба на работниците, ги разгледува предлозите и
мислењата на синдикатот во постапка на донесување на одлука и решенија
што имаат битно влијание на материјалната и социјалната положба
на работниците, односно во остварувањето на нивните права од работен
однос.
На синдикалниот претставник му се обовможува непречено комуницирање
со работодавецот, или од него овластено лице, кога тоа е неопходно
за остварување на функциите и активностите на синдикатот.
Член 113
Претставникот на Синдикатот има право да учествува на седниците
на Органот на управување или од него формирани тела на кои се одлучува
за правата и обврските на работниците од работен однос.
Работодавецот на синдикалниот претставник му доставува покани,
со материјали за седниците на органите на кои се одлучува за правата
на работниците.
Ставовите на синдикатот доставени на самата седница или пред неа,
надлежниот орган е должен да ги разгледа и да ги земе во обзир при
донесувањето на одлуката.
Член 114
Работодавецот е должен да обезбеди стручни, административно-технички,
просторни и други услови за работа на Синдикатот заради остварување
на синдикалните функции во врска со заштитата на правата на работниците
од работниот однос утврдени со закон и овој договор, како и услови
за пресметување и уплата на синдикалната членарина.
Условите од став 1 на овој член ќе бидат дефинирани во Прилог број
7 кој ќе биде составен дел на овој Договор.
Член 115
Синдикалниот претставник покрај посебната заштита утврдена со Закон,
заради превземање на синдикални активности во согласност со Закон
и овој договор не може:
· да биде распоредуван на друго работно место, ако е тоа понеповолно
од претходното;
· да биде утврден како технолошки вишок;
· да се повика на одговорност и му престане работниот однос.
Посебната заштита на претставникот на Синдикатот трае за време
на неговиот мандат и две години потоа.
Член 116
Синдикалниот претставник (главниот повереник) на ниво на АД Македонски
телекомуникации - Скопје, функцијата ја извршува професионално.
Во АД Македонски телекомуникации - Скопје може да има и повеќе
професионални синдикални претставници.
Правата од работниот однос на синдикалниот претставник (претставници)
за професионално вршење на синдикалните активности во АД Македонски
телекомуникации - Скопје се остваруваат согласно Законот за работни
односи и овој Договор и истите ги обезбедува Работодавецот.
Бројот на професионалните синдикални претставници, правата и обврските
од професионалното вршење на синдикалните активности во АД Македонски
телекомуникации - Скопје се дефинирани во Прилог број 8 на овој
Договор.
Член 117
На претставникот на Синдикатот кој синдикалните активности ги извршува
непрофесионално, Работодавецот му овозможува ослободување од работните
обврски на работното место за вршење на синдикалните активности,
со претходно известување на непосредно претпоставениот.
На претставникот на Синдикатот, работодавецот му овозможува отсуство
од работа заради стручно оспособување за вршење на синдикалните
активности како и присуство на конгреси, семинари, советувања и
курсеви за реализирање на синдикалните активности, како и за соработка
со синдикатите на други земји и меѓународни синдикални организации.
Член 118
Член на Синдикатот што е избран или именуван во органите на Синдикатот
или повисоки синдикални институции, чие вршење бара привремено да
престане да работи кај работодавецот има право по престанување на
функцијата што ја вршел да се врати кај Работодавецот на работа
и работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, за
што се склучува посебен договор со работодавецот.
VII. МАТЕРИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ
Член 119
Работникот е должен навремено, дисциплинирано и квалитетно да ги
извршува работните задачи на работното место на кое е распореден
во духот на деловниот морал, правилата на стручната и професионална
одговорност, да ги чува средствата на АД Македонски телекомуникации
- Скопје и со нив одговорно да располага и да ги користи.
Однесувањето спротивно на одредбите од претходниот став повлекува
материјална одговорност согласно Законот и овој Договор.
Член 120
Работникот кој по своја вина ќе направи штета на АД Македонски
телекомуникации - Скопје во работата, односно во врска со работата,
должен е да ја надомести штетата.
Под поимот причинување штета на АД Македонски телекомуникации -
Скопје се подразбира:
- намалување на вредноста на средствата, односно вредноста на имотот
на АД Македонски телекомуникации - Скопје;
- спречување на нивното зголемување (т.е. изгубена добивка);
- направена штета во делокругот на неговите работни задачи или надвор
од нив;
- направена штета при употреба на моторно возило кое е во сопственост
на АД Македонски телекомуникации - Скопје;
- направена штета во однос на инвентарот во сопственост на АД Македонски
телекомуникации - Скопје.
Ако штетата ја предизвикаат повеќе работници, секој работник е
одговорен за делот од штетата што ја предизвикал.
Ако за секој работник не може да се утврди делот од штетата што
ја предизвикал, се смета дека сите работници се подеднакво одговорни
и штетата ја надоместуваат во еднакви делови.
Ако повеќе работници предизвикале штета со кривично дело со умисла,
за штетата одговараат солидарно.
Член 121
Главниот извршен директор покренува постапка за утврдување и наплата
на штетата.
Доколку штетата не може да се утврди според ценовникот на АД Македонски
телекомуникации - Скопје, штетата ја утврдува комисија.
Комисијата од став 2 на овој член ја формира Главниот извршен директор.
Таа се состои од претседател и два члена.
Комисијата треба да го утврди постоењето на штетата, околностите
под кои таа настанала, и нејзината висина.
Член 122
Постоењето на штета и нејзината висина, како и одговорноста за
нејзиното сторување, Комисијата ја утврдува врз основа на сослушување
на работникот и сведоците, со вештачење и изведување на докази.
Висината на штетата се утврдува врз основа на ценовник на книговодствената
вредност на оштетениот предмет, а ако тоа не е можно, Комисијата
ја проценува штетата со помош на стручни лица.
Комисијата е должна на работникот против кого е поведена постапка
за надомест на штета да му овозможи да се изјасни за сите факти
и околности кои се од битно влијание за утврдување на неговата материјална
одговорност.
Ако Комисијата утврди дека работникот материјално е одговорен,
донесува Одлука за висината на штетата.
Доколку Комисијата утврди дека штетата не ја предизвикал или за
тоа не е одговорен работникот против кого е поведена постапка за
утврдување на материјална одговорност, работникот се ослободува
од истата.
Член 123
Против Одлуката за надомест на штета работникот има право на приговор
до Комисијата за работни односи на АД Македонски телекомуникации
- Скопје во рок од 8 (осум) дена од денот на доставувањето на Одлуката.
Ако работникот во рок од 3 (три) месеци од конечноста на Одлуката
не ја надомести штетата утврдена со Одлуката на Комисијата, Главниот
извршен директор поведува постапка пред надлежниот суд.
Член 124
Главниот извршен директор или Комисијата може поради оправдани
причини да го ослободи работникот од плаќање на надомест на штетата
во целина или делумно.
Член 125
Работодавецот одговара за штета која работникот ќе ја предизвика
на поединци или правни лица во работата или во врска со работата.
Работодавецот има право да бара од работникот надомест на извршената
исплата, ако работникот штетата ја направил намерно или со крајно
невнимание.
Член 126
Ако работникот претрпи штета на работа или во врска со работата,
работодавецот е должен да му ја надомести штетата според општите
начела за одговорност за штета.
Ако во рок од 15 дена од конечноста на одлуката работодавецот и
работникот не се спогодат за надоместок на штетата, работникот има
право да бара надомест на штетата пред надлежниот суд.
VIII. ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС
1. Престанок на работен однос со спогодба
Член 127
На работникот му престанува работниот однос, кога со Работодавецот
писмено ќе се спогоди да му престане работниот однос.
Спогодбата од став 1 на овој член ја склучуваат работникот и Работодавецот.
2. Престанок на работниот однос заснован на определено време
Член 128
Работниот однос заснован на определено време престанува со истекот
на времето за кое е заснован.
3. Престанок на работен однос по сила на закон
Член 129
Работниот однос по сила на закон престанува ако:
- на начинот пропишан со закон е утврдено дека кај работникот дошло
до губење на работната способност - со денот на доставување на правосилното
решение за утврдување на изгубената работна способност;
- според одредбите од Законот, односно според правосилната одлука
на суд или на друг орган, му е забрането да врши определени работи
и задачи, а не може да му се обезбеди вршење на други работи и задачи
- со денот на доставувањето на правосилната одлука;
- поради издржување на казна затвор мора да биде отпуштен од работа
подолго од 6 месеци со денот на стапувањето на изрджување на казната;
- му биде изречена мерка на безбедност, воспитна или заштитна мерка
во траење подолго од шест месеци и поради тоа мора да биде отсутен
од работа - со денот на применувањето на таа мерка;
- е отворена постапка за престанок на правното лице под услови и
на начинот утврдени со закон;
- работникот наполни 40 години пензиски стаж или 65 години живот
и најмалку 15 години стаж на осигурување, ако Работодавецот во согласност
со условите утврдени со закон и општ колективен договор не одлучи
работникот да остане во работен однос.
Решението за престанок на работен однос го донесува Работодавецот.
Член 130
Работодавецот може да одлучи да работникот на кој му престанува
работниот однос согласно став 1 алинеја 6 од претходниот член може
да остане во работен однос и тоа:
- ако работникот е ангажиран со определен проект од значење за работодавецот
- до завршување на проектот;
- ако со пријавена потреба од засновање работен однос кај службата
надлежна за посредување при вработувањето не може да обезбеди работник
кој ги исполнува условите за работното место;
- ако со огласувањето на потребата од работник, односно конкурс
не може да се обезбеди работник кој ги исполнува потребните услови.
Во случајот од став 1 алинеја 3 на овој член работодавецот е должен
потребата од работник јавно да ја огласува секои 6 месеци.
На работникот од став 1 алинјеа 3 на овој член му престанува работниот
однос ако на распишаниот јавен оглас, односно конкурс, се јави кандидат
кој ги исполнува условите за работа на тоа работно место, како и
ако работодавецот не распише јавен оглас, односно конкурс според
став 2 на овој член
4. Престанок на работен однос со отказ
Член 131
Работниот однос престанува со отказ и тоа:
- отказ даден од страна на работникот.
- отказ даден од страна на работодавецот под условите дефинирани
со закон и овој Договор.
- Отказ даден од страна на работникот
Член 132
Работниот однос со отказ од страна на работникот престанува ако
работникот писмено изјави дека сака да му престане работниот однос.
Отказниот рок од став 1 на овој член трае најмалку 30 дена од денот
на поднесувањето на барањето за отказ, ако работникот и Работодавецот
не се спогодат поинаку.
- Отказ даден од страна на Работодавецот
Член 133
Работниот однос на работникот со отказ од страна на Работодавецот
престанува и тоа ако:
- работникот е неспособен да ги извршува работните задачи утврдени
со Закон, овој договор и Договорот за работа;
- работникот ја крши работната дисциплина и работниот ред или неисполнување
на обврските утврдени со Закон, овој договор и Договорот за работа.
Член 134
Работниот однос на работникот може да му престане со отказ од страна
на работодавецот ако на работникот му се обезбедени потребните услови
за работа и му се дадени соодветни упатства, насоки или писмено
предупредување во врска со работата од работодавецот дека не е задоволен
од начинот на извршувањето на работните обврски и ако по истекот
на рокот од 30 дена од денот на дадените упатства, насоки и предупредувања,
работникот не го подобри своето работење.
Член 135
Неспособноста за извршување на работните задачи од член 134 став
1 алинеја 1 ја утврдува посебна комисија составена од 3 (три) члена,
со стручна подготовка од најмалку ист степен што ја има работникот
чија способност се утврдува, по пријава на непосредниот одговорен.
Комисијата од став 1 на овој член ја формира Главниот извршен директор.
На работникот му се доставува известување дека е отпочната постапка
за утврдување на неговата работна способност.
За започнување на постапката за следење на способноста на работникот
писмено се известува Синдикатот.
Оценувањето на способноста на работникот може да се врши по истекот
на најмалку 30 работни дена следење на работата на работникот.
Член 136
Работниот однос на работникот му престанува со отказ од страна
на работодавецот поради кршење на работната дисциплина, работниот
ред или неисполнување на обврските утврдени со закон, овој договор
и Договорот за работа, особено ако:
1. не ги почитува редот и дисциплината според правилата пропишани
од страна на Работодавецот;
2. не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните
обврски;
3. не се придржува на прописите што важат за вршење на работите
на работното место;
4. не се придржува на распоредот и користењето на работното време;
5. не побара отсуство или навремено не го извести Работодавецот
за отсуството од работа;
6. поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за
тоа во рок од 24 часа не го извести Работодавецот;
7. со средствата за работа не постапува совесно или во согласност
со техничките упатства за работа;
8. настане штета или грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш
не го извести Работодавецот;
9. не ги употребува прописно или не ги одржува средствата и опремата
за заштита при работа;
10. незаконито или неовластено ги користи средствата на Работодавецот.
Член 137
Во зависност од степенот на одговорноста на работникот, условите
под кои е направена повредата на работните обврски, поранешната
работа и однесување на работникот, тежината на повредата и нејзините
последици, Работодавецот може отказот на работникот да го замени
со парична казна, која не може да биде поголема од 15% од месечната
плата на работникот, во траење од еден до шест месеци.
Член 138
Одлуката за престанок на работниот однос на работникот од страна
на Работодавецот задолжително се дава во писмена форма со образложение
за причините за давање отказ.
Одлука за престанок на работен однос донесува Главниот извршен
директор или работник кого тој го овластил.
Член 139
Одлуката за престанок на работниот однос на работникот, Работодавецот
е должен да ја донесе за 1 (еден) месец од денот на дознавањето
на повредата на работната дисциплина, работниот ред, неисполнувањето
на обврските и поради неспособност на извршувањето на работните
задачи и за сторителот, односно во рок од 3 (три) месеци од денот
кога е сторена повредата.
Член 140
Пред престанокот на работниот однос со отказ од страна на Работодавецот,
задолжително се бара работникот писмено да се изјасни за причините
поради кои му се дава отказот.
Член 141
Должината на отказниот рок изнесува:
- до 15 години работен стаж............................................
1 месец
- до 30 години работен стаж............................................
2 месеци
- над 30 години работен стаж .........................................
3 месеци
За време на траење на отказниот рок, работникот има права и обврски
од работен однос.
Член 142
Работниот однос на работникот му престанува без отказен рок во
случаите на кршење на работниот ред и дисциплина, или неисполнување
на работните обврски утврдени со закон, овој договор и договорот
за работа, а особено ако:
1. неоправдано изостане од работа три последователни работни дена
или пет дена со прекин во текот на една година;
2. го злоупотреби боледувањето;
3. не се придржува кон прописите за заштита од болест, заштита при
работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отровни и други
опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната
средина;
4. внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични
средства;
5. стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание
ќе предизвика штета на работодавецот;
6. го злоупотреби или пречекори даденото овластување;
7. одаде деловна, службена или државна тајна;
8. фалсификување на решенија, одлуки, исправи на АД Македонски телекомуникации
- Скопје, и употреба на истите со цел да се прибави за себе или
за друг материјална или било каква друга корист;
9. одбивање на извршување на работни задачи или работни налози добиени
од страна на непосредно одговорниот;
10. монтирање и приклучување на телефонски приклучоци, без налог
или знаење на непосредно одговорниот;
11. спиење на работниците на работното место;
12. одбивање на работник да се подвргне на лекарски преглед заради
утврдување на алкохол во крвата или наркотични средства;
13. предизвикување на неред и тепачка во АД Македонски телекомуникации
- Скопје;
14. поттикнување на прекин на работа (штрајк);
15. свесно давање неточни податоци или оневозможување на работникот
да изврши увид во неговата документација со цел да му се оневозможи
остварување на неговите права;
16. примање на поткуп и други погодности во врска со работата, а
на штета на АД Македонски телекомуникации - Скопје;
17. неточна евиденција и прикажување на резултатите во работењето
со цел за себе или за друг работник создаде основа за неоправдано
присвојување на материјална корист;
18. поднесување неточни извештаи и податоци на работници односно
на органите на управувањето на АД Македонски телекомуникации - Скопје;
19. намерно или од крајно невнимание изгуби доверливи или строго
доверливи документи;
20. оневозможување на работникот да ги извршува своите работни задачи;
21. одбегнување на претрес и контрола од страна на овластен работник
при влегување и излегување од објектите на АД Македонски телекомуникации
- Скопје;
22. потпишување на штетен договор за АД Македонски телекомуникации
- Скопје;
23. непревземање односно несоодветно превземање на мерки
за заштита на работата од страна на одговорниот работник,
односно непридржување на пропишаните мерки за заштита при работа
од страна на работниците, поради што дошло до потешки повреди на
работниците;
24. грубо, непристојно однесување на работното место со странки
и други работници;
25. непријавување на штета која ја предизвикал друг работник;
26. постапување спротивно на правилата и одредбите дадени во посебните
правилници на АД Македонски телекомуникации - Скопје и спротивно
на поединечните упатства.
Член 143
По исклучок од случаите од член 142 на овој Договор до донесувањето
на одлуката за отказ, со писмен налог на Главниот извршен директор
односно од него овластен работник, работникот се отстарнува од работното
место или од АД Македонски телекомуникации - Скопје, ако:
1. непосредно се загрозува животот или здравјето на работниците
или други лица или се оштетуваат средствата од поголема вредност;
2. присуство на работа и понатамошна работа кај Работодавецот штетно
ќе се одразува врз работењето на работодавецот;
3. го осуетува или оневозможува утврдувањето на одговорноста за
повреда на работните обврски и
4. кога против него е покрената кривична постапка за кривично дело
сторено на работа или во врска со работата.
Член 144
Приговорот против одлуката за престанок на работниот однос, односно
против отстранувањето од работното место или од кај Работодавецот
во смисла на членовите 142 и 143 од овој Договор, не ја задржува
од извршување одлуката за отказ односно писмениот налог за отстранување.
Член 145
За време на отказниот рок, Работодавецот е должен да му овозможи
на работникот отсуство од работа четири часа во текот на работната
недела заради барање на ново вработување.
За време на отсуство од работа од став 1 на овој член работникот
има право на надомест на плата, согласно одредбите од овој Договор.
Член 146
Против отказот (одлуката) за престанок на работниот однос, работникот
има право на приговор (во втор степен) до Комисијата за работни
односи.
Приговорот се поднесува во рок од 8 (осум) дена од денот на добивање
на Одлуката за престанок на работниот однос со отказ.
Одлуката по приговорот се донесува од страна на Комисијата за работни
односи во рок од 15 дена од денот на поднесување на приговорот.
Работникот кој не е задоволен од одлуката донесена по приговорот
од страна на Комисијата за работни односи, има право да поведе спор
пред надлежниот суд во наредните 15 дена.
Член 147
Работниот однос на работникот не може да му престане со отказ од
страна на работодавецот ако не постои оправдана причина врзана за
неговото однесување или ако причината не е заснована на потребите
на функционирање на работодавецот, како и надвор од условите и случаите
предвидени во точка 4 од оваа глава на овој Договор.
Член 148
Оправдани причини за престанок на работниот однос со отаказ од
страна на работодавецот не претставуваат:
1. членство во синдикат или учество во синдикални активности во
согласност со закон и овој договор.
2. поднесување на жалба или учество во постапка против работодавецот
во врска со кршење на закон или друг пропис или заради обраќање
на државен орган на власта;
3. отсуство од работа за време на породилно отсуство;
4. одобрено боледување;
5 користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор;
6. отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба;
7. стручно усовршување за потребите на работодавецот и
8. други случаи на мирување на работниот однос утврдени со закон.
5. Престанок на работен однос со отказ поради
економски, технолошки, структурални или
слични промени
Член 149
На работникот може да му престане работниот однос со отказ поради
економски, технолошки, структурални или слични промени во случај
кога работодавецот има намера да воведе поголеми промени во производството,
програмата, реорганизацијата, структурата и технологијата, а кои
ќе предизвикаат потреба од намалување на бројот на работниците.
Член 150
Работодавецот пред да воведе промени во смисла на член 149 од овој
договор, должен е претходно да ги информира работниците и Синдикатот
за видот на промените и нивните последици од престанокот на работниот
однос на работниците, бројот и структурата на работниците на кои
ќе им престане работниот однос, мерките што ќе ги превземе за спречување
и ублажување на последиците од таквите промени и правата на работниците
што ќе ги обезбеди.
Член 151
Органот на управување на АД Македонски телекомуникации - Скопје
ја утврдува потребата од воведување на економски, технолошки, структурални
и слични промени.
Бројот на работници за чија работа престанала потребата поради
воведување на промените се определува (утврдува) со Синдикатот.
Ако Органот на управување ја утврди потребата од воведување на
промените од став 1 од овој член должен е да донесе Програма која
содржи:
1. анализа на постојната состојба во АД Македонски телекомуникации
- Скопје;
2. анализа на промените кои ќе бидат воведени со посебен осврт на
причините за потребата од тие промени;
3. број и квалификациона структура на работници за чија работа престанала
потребата (по вид и степен на квалификација);
4. мерки кои ќе се превземаат за ублажување на негативните последици
од престанокот на работниот однос;
5. начинот на решавање на правата на работниците за чија работа
престанала потребата согласно постојните законски прописи и посебен
договор помеѓу Работодавецот и Синдикатот,
6. финансиските сретства кои треба да ги обезбеди за утврдените
права во програмата и динамиката на обезбедување на сретствата;
7. рокови и носители на активностите за реализација на програмата.
Програмата од став 3 на овој член пред донесувањето од Органот
на
управувањето на АД Македонски телекомуникации - Скопје мора да биде
усогласена со Синдикатот.
Член 152
Пред определувањето на работниците за чија работа престанала потребата
ќе се земат во предвид барањата на работниците за престанок на работниот
однос со обезбедување на едно од правата утврдени со програмата.
Член 153
Одлука за престанување на потребата од работа на работниците донесува
Одборот на директори на АД Македонски телекомуникации - Скопје.
Главниот извршен директор односно работникот кого тој ќе го овласти
должен е работникот на кого ќе му престане работниот однос поради
економски, технолошки, структурни и слични промени, да го извести
писмено во рокот определен со закон.
Член 154
Искористеното право на испратнина Работодавецот го евидентира во
работната книшка на работникот.
Член 155
Со овој договор на ниво на работодавец со Програмата се утврдува
вреднување со бодови преку кои се утврдува приоритет за задржување
на работното место согласно критериумите од овој член, и тоа:
1. успешноста на работењето;
2. проверка (утврдување) на работните способности;
3. стручната подготовка и квалификација;
4. работниот стаж;
5. години на старост;
6. вкупен работен стаж во АД Македонски телекомуникации - Скопје;
7. здравствената состојба - инвалидност, и
8. економско - социјалната состојба.
Член 156
Кога за определен број работници престанала потребата за работа,
а на работното место работат двајца или повеќе работници, за вишок
се утврдуваат работниците кои исполнуваат еден од условите за одење
во пензија.
Член 157
Доколку според критериумите од член 155 од овој договор работниците
се наоѓаат во иста положба, предност да го задржат работното место
имаат:
1. работничка за време на бременост, породилно отсуство, отсуство
поради нега и заштита на дете и родител со дете до 2 години;
2. родител на хендикепирано дете;
3. самохран родител, односно усвоител на дете до 7 години;
4. инвалид на трудот и работник со професионално заболување;
5. еден од брачните другари што се вработени во АД Македонски телекомуникации
- Скопје;
6. работник кој е најмногу 5 години пред одење во пензија;
7. единствен хранител во семејството кој нема други приходи, и
8. во други случаи утврдени во Програмата.
Член 158
Работникот на кој му престанал работниот однос во АД Македонски
телекомуникации - Скопје има право на приоритет при вработување
во АД Македонски телекомуникации - Скопје, доколку во периодот од
две години од престанокот на работниот однос АД Македонски телекомуникации
- Скопје има потреба од работник со иста стручна подготовка (квалификација).
IX. ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ
Член 159
Во остварувањето на поединечните права од работниот однос, работникот
има право да бара заштита во АД Македонски телекомуникации - Скопје,
пред надлежниот Суд, Синдикатот, Инспекциските органи и други органи,
во постапка и рокови утврдени со закон и овој договор.
Работникот има право да присуствува во постапката пред надлежниот
орган кој одлучува за поднесеното барање или приговор, и при тоа
да биде застапуван од Синдикатот.
Работникот кој отсуствува од работа заради присуство во постапка
кај органот од став 2 на овој член, се смета како да бил на работа
и по тој основ неможе да му се намалува платата, а доколку работникот
има направено патни трошоци во постапка за заштита на правата од
работен однос пред органот во АД Македонски телекомуникации - Скопје,
истите паѓаат на товар на АД Македонски телекомуникации - Скопје.
Член 160
Работникот има право да поднесува барање заради остварување на
своите права од работниот однос, како и право на приговор против
одлука донесена во врска со неговите права, обврски и одговорности
до Комисијата за работни односи, во рок од 15 дена од денот на врачувањето
на одлуката со која е повредено неговорото право, односно од денот
кога дознал за повредата на правото.
Поднесувањето на барањето односно приговорот од став 1 на овој
член го задржува извршувањето на одлуката до донесувањето на конечна
одлука кај Работодавецот, освен во случаите утврдени со закон и
овој Договор.
Член 161
Комисијата за работни односи е должна да донсе одлука во рок од
15 дена од денот на поднесувањето на приговорот односно барањето.
Член 162
Кога Комисијата за работни односи одлучува по приговор, може одлуката
на првостепениот орган да ја потврди, преиначи, укине или поништи
донесувајќи една од следните одлуки:
1. приговорот на работникот се одбива како неоснован, а нападнатата
одлука се потврдува доколку е донесена во согласност со одредбите
од законот и овој договор;
2. приговорот на работникот се уважува, а нападнатата одлука се
преиначува;
3. приговорот на работникот се уважува, а нападнатата одлука се
укинува и предметот се враќа на повторно одлучување во прв степен;
4. приговорот на работникот се уважува, а нападнатата одлука се
поништува, и
5. приговорот се отфрла како неблаговремен или недопуштен (со решение).
Член 163
Комисијата за работни односи како второстепен орган се состои од
5 члена и 5 заменици.
Членовите на Комисијата за работни односи и нивните заменици ги
именува Органот на управување во АД Македонски телекомуникации -
Скопје, од кои 2 члена и нивни заменици на предлог на Синдикатот.
Претседателот се избира од редот на членовите на Комисијата за
работни односи на конститутивната седница.
Комисијата за работни односи донесува Деловник за работа.
Член 164
Работникот има право да присуствува на седницата на Комисијата
за работни односи на која се расправа и одлучува за неговото барање
односно приговор, и да се изјасни за фактите кои се важни за донесување
на одлуката.
Пред донесувањето на одлуката по барањето односно по приговорот
на работникот, Комисијата за работни односи е должна да побара мислење
од Синдикатот и задолжително да го разгледува и за него да се изјасни,
ако Синдикатот доставил мислење.
Синдикатот има право да учестува во постапката пред органот кој
одлучува за поднесениот приговор односно барање на работникот, ако
е член на синдикатот, и по негово барање или согласност, да го застапува
во остварувањето на неговото право.
Член 165
Работникот кој не е задоволен од конечната одлука на надлежниот
орган или ако тој орган не донесе одлука во рок од 15 дена од денот
на поднесувањето на барањето, односно приговорот има право во наредниот
рок од 15 дена да бара заштита на своите права пред надлежниот суд.
Заштита на правата пред надлежниот суд работникот неможе да бара
ако претходно не барал заштита на правата пред надлежниот орган
на Работодавецот, освен правата на парично побарување.
X. УЧЕСТВО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО УПРАВУВАЊЕТО
Член 166
Во управувањето со АД Македонски телекомуникации - Скопје работниците
учестуваат во согласност со Законот и Статутот на АД Македонски
телекомуникации - Скопје.
XI. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ И АРБИТРАЖА
Член 167
Споровите меѓу учесниците на овој договор ќе се решаваат со меѓусебно
спогодување.
Споровите меѓу учесниците на овој договор што неможеле да се решат
со меѓусебно спогодување, се решаваат со усогласување.
Член 168
За решавање на споровите помеѓу учесниците на овој договор се формира
Комисија.
Секој од учесниците именува по 5 члена.
Со работата на комисијата раководи претседател кого го избираат
членовите на комисијата од своите редови.
Постапката за усогласување започнува со барање на еден од учесниците
на договорот и треба да заврши во рок од 30 дена.
Комисијата од овој член донесува Деловник за работа.
Член 169
Надлежностите на Комисијата од член 168 се:
- решавање на спорови меѓу учесниците кои произлегуваат од примената
на овој договор;
- решавање на спорови како последица од неприфаќање на предлози
за измени и дополнувања на одредбите од овој договор;
- дава толкувања за примена на одредбите од овој договор, и
- ја следи примената на одредбите од овој договор.
Член 170
Секое усогласување што учесниците ќе го постигнат мора да биде
во писмена форма и истото е обврзувачко за учесниците на овој Договор.
Член 171
Ако постапката за усогласување е неуспешна спорот се решава пред
Арбитражен совет.
Арбитражниот совет е сочинет од 5 члена (арбитри).
Секој од учесниците именува по двајца арбитри од редот на научни
и стручни работници надвор од АД Македонски телекомуникации - Скопје.
Со работата на Арбитражниот совет раководи претседател кој спогодбено
го именуваат избраните арбитри.
Одлуките се обврзувачки за двете страни.
Арбитражниот совет носи Деловник за работа.
XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 172
Овој договор се склучува на неопределено време.
Секој од учесниците може писмено да го откаже важењето на овој
договор.
Откажувањето се соопштува на другиот учесник најмалку три месеци
пред денот на откажувањето.
До склучување на нов Колективен договор, важат одредбите од овој
Договор.
Член 173
Секој од учесниците може да предложи изменување и дополнување на
овој Договор.
Предлогот за изменување и дополнување се доставува во писмена форма
до другиот учесник кој е должен по предлогот да се изјасни во рок
од 30 дена.
Во случај ако другиот учесник не го прифати, или не се изјасни
по предлогот во рокот од став 2 на овој член, предлагачот може да
започне постапка пред Комисијата од член 168 на овој Договор.
Член 174
Текстот на Колективниот договор на АД Македонски телекомуникации
- Скопје, изготвен заедно со Синдикатот, како и предлозите што се
однесуваат на измени и дополнувања треба да се стават на расправа.
Доколку меѓу двете договорни страни во текот на изготвувањето на
Договорот дојде до неусогласеност, тогаш со материјалот што ќе оди
на расправа, различните ставови на Работодавецот и на Синдикатот
треба да бидат прикажани поединечно.
За текстот на Колективниот договор не треба да се води расправа
доколку измените и дополнувањата се предизвикани од законски прописи
или од случаите од член 4 став 4 и 5 од овој Договор.
Расправата ќе се води во сите делови на АД Македонски телекомуникации
- Скопје и на АД Македонски телекомуникации - Скопје организациите
- со цел работниците да се запознаат со содржината на текстот на
Колективниот договор.
Член 175
Измените и дополнувањата на овој договор се донесуваат на начин
и постапка како за донесување на овој Договор.
Во постапката за измени и дополнувања на овој Договор од страна
на Работодавецот може да учествува и орган овластен од него.
Член 176
Овој договор се потпишува од страните учеснички во колективното
договарање.
Овој договор е подготвен на македонски и англиски јазик, а ќе се
применува текстот на Договорот на македонски јазик.
Правилниците и Прилозите кои се составен дел на овој договор, а
со донесувањето на овој Договор не се донесени, ќе се изготват во
рок од 6 месеци.
Член 177
За сите оние права, обврски и одговорности предвидени во овој договор,
а за кои практичната примена пок |