english version

За сите информации и објаснувања во врска со колективниот договор Ве молиме пишете на следнава
Е-маил адреса


kolektiven@sptrm.org.mk


 

 
пребарување


Согласно член 7 од Правилникот за финансово работење на СО на МТ,  Синдикалниот одбор на СО на МТ на својата седница одржана на ден 19.04.2007 година,  донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ НА СИНДИКАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА  МТ

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 Член 1

  1. Со овој Правилник се уредуваат изворите на сретствата и начинот на издвојувањето на сретствата, корисниците, основите за користење на правата на парична помош и начинот и постапката за остварување на тие права.
  2. Сретствата за еднократната парична помош се обезбедуваат од сретствата од синдикалната членарина, како и останатите приходи кои се остваруваат од синдикалните активности.
  3. Членот на Синдикатот остварува право на еднократна парична помош 180 дена по зачленување во Синдикатот.
  4. Членот на Синдикатот кој со невистинити податоци оствари некое од правата предмет на овој Правилник, може да биде исклучен од членство на Синдикатот за период не помал од две години за што одлука носи Органот на СО на МТ и чија одлука е конечна. 

 

II. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

Член 2
  1. Корисници на правото за доделување на еднократна парична помош се членовите на Синдикалната организација на МТ и членовите на потесното семејство (брачен другар и деца) на членот.
  2. Правото за користење на помош согласно одредбите од овој Правилник се стекнува 180 дена по зачленувањето во Синдикатот под услов основот за користење на помош да не биде настанат пред зачленувањето.
  3. Правото на користење на помош по некој од основите согласно овоој Правилник може да се користи еднаш годишно.

Основи за користење на сретствата од Фондот

Член 3

Основите за доделување на еднократна парична помош се:

  • Во случај на смрт на членот на СО на МТ, или членот на неговото потесно семејство;
  • Подолготрајно боледување на членот на синдикатот, лекување на членот на синдикатот или членот на неговото потесно семејство i
  • Во други случаеви кои не се опфатени со овој Правилник.

Условите и висината на еднократната парична помош

Член 4

Во случај на смрт на членот на СО на МТ, на членот на потесното семејство или поширокото семејство кои ја превзема обврската околу погребот, ќе им се исплати еднократна парична помош во висина од 20,000,00 денари (дваесет илјади денари), а во случај на смрт на член на потесното семејство (брачен другар или деца), на членот на СО на МТ ќе му се исплати еднократна парична помош во висина од 10.000,00 денари (десет ијлади денари) под услов да живееле во заедничко домаќинство.
За остварување на правото по овој основ потребно е да се достави Барање и извод од матичната книга на умрени (умреница).

Член 5

Во случај на долготрајно боледување правото на еднократна парична помош се остварува како што следи:

  • за боледување кое трае непрекинато три месеци (3 месеци), на членот на СО на МТ ќе му се исплати еднократна парична помош во висина од 2500,00 денари,
  • за боледување кое трае неорекинато над три месеци (3 месеци), на членот на СО на МТ ќе му се исплати еднократна парична помош од 2500,00 денари зголемени за 1000,00 денари за секој полн месец непрекинато боледување над три месеци, но не повеќе од 80% од просечната плата во РМ исплатена во последните три месеци.

Правото се остварува по затварањето на боледувањето, со доставување на Барање и медицинската документација за основот.
Доколку членот има прекин на боледувањето правото од став 1 на овој член не може да го оствари.
Доколку долготрајното боледување е резултат на повреда на работа не следува право на паричен надоместок по овој основ.
Правото по овој основ може да го оствари само членот на СО на МТ, е не и член на потесното семејство.

Член 6

Во случај на направени трошоци за болничко лекување, или трошоци за послеболничко лекување (лекарства и сл.) на членот на синдикатот или член на неговото потесно семејство, на членот на синдикатот ќе му се исплати еднократна парична помош и тоа:

  • За платени збирни трошоци согласно став 1 од овој член до 10.000,00 денари, паричната помош изнесува 50% од висината на направените трошоци,
  • За платени збирни трошоци согласно став 1 од овој член над 10.000,00 денари, паричната помош изнесува 7.000,00 денари.

Правото се остварува врз основа на доставено Барање и медицинска документација за потврдување на основот и фискални сметки за платени трошоци по овој основ и тоа по завршување на болничкото лекување.
За болничко лекување не се смета бањско лекување, физикална терапија и други видови на терапија, како и оперативни зафати од естетски карактер.

Член 7

За сите оние случаи кои што не се опфатени со овој Правилник, а до СО на МТ  е доставено барање за одобрување на еднократна парична помош, висината на помошта може да изнесува до 80% од  просечната плата во РМ исплатена во последните 3 месеци.

Постапка за остварување на правото на помош

Член 8

  1. Секој член на Синдикалната организација на МТ има право да поднесе Барање за остварување на некое право утврдено со овој Правилник. Барањето со потребната документација со која се докажува основаноста на барањето се доставува до Синдикалниот повереник на ОСО, кој е должен истата со приложување на негово писмено мислење во однос на барањето да ја достави до Синдикалната организација на АД МТ.
  2. Барањата ги разгледува и по нив одлучува Комисија за доделување на  помош која се формира со Одлука од страна на Синдикалниот одбор и со која се одредуваат подетално надлежностите на истата. Комисијата се свикува по потреба во зависност од бројот на пристигнатите барања и нејзината одлука за доделување на еднократна парична помош е конечна.
  3. Во одредени хитни случаеви, или на помал број на барања, паричната помош може да биде одредена и одобрена со одлука, односно решение , донесено од страна на Главниот повереник на СО на МТ, а согласно одредбите на овој Правилник.
  4. Комисијата за доделување на помош, односно Главниот повереник,  на крајот од годината поднесува писмена информација до Синдикалниот одбор за доделената еднократна парична помош.

 

III. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 9

  • Овој Правилник го донесува Синдикалниот Одбор на Синдикалната организација на МТ, и истиот дава толкување на одредбите од овој Правилник.
  • Измените и дополнувањето на овој Правилник се врши на исти начин како и за неговото донесување.
  • Овој Правилник стапува на сила и ќе се применува со денот на донесувањето.
  • Со усвојувањето на овој Правилник престанува да важи Правилникот на ФЕПП  бр. 196-9/2000 .

 

СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МТ
ГЛАВЕН ПОВЕРЕНИК

Јордан Сандев